ФФМ главен покровител на меѓународниот младински турнир Скопје КУП

Објавено на 05 Август, 2016 во Вести, FFM-Newsletter


„СКОПЈЕ КУП“ во соработка со Град Скопје и Фудбалската федерација на Македонија по трет пат е организатор на голем меѓународен младински турнир во фудбал „СКОПЈЕ КУП 2016“ кој ќе се одржи во периодот од 5. до 11.август на повеќе стадиони во градот Скопје. На турнирот ќе земат учество 28 екипи од Македонија, Србија, Хрватска, Велика Британија и Бугарија, со фудбалери родени 2000. година  и помлади и 2002 година. На турнирот ќе настапат следните екипи:

ФК Партизан - Белград, Pro Touch SA - London, ФК Вардар - Скопје, ПФК Септември - Софија, ФК Пелистер - Битола, НК Осјек - Осјек, НК Сесвете - Загреб, НШ Буба Мара - Загреб, ФК Војводина - Нови Сад, ФК Ботев - Пловдив, ФК Реал - Ниш, Академија Пандев - Струмица, ФК Шкупи - Скопје, ФК Шкендија - Тетово, ФК Брегалница - Штип, ФК Талент - Битола, ФК Металург - Скопје, ФК Победа- Прилеп, ФК Њу Старс - Скопје

Отворањето се случуваше на плоштадот „Филип Втори“, а многу успех, радосни моменти и дружење на децата учесници им посакаа генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски и градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.
Натпреварите ќе започнат во сабота на следните терени: Ѓорче Петров (вештачка трева), тренинг центар „Петар Милошевски“, Цементарница, Илинден и Марино.

-Скопје Куп е меѓународен фудбалски турнир кој веќе трета година по ред се одржува во Македонија. Голема благодарност до Град Скопје и Фудбалската федерација на Македонија која е главен помагател и партнер на она што не очекува во наредните седум дена во нашиот главен град. Свеченото отворање е закажано за петок во 20:00 часот на плоштадот "Филип Втори„. Бројката на учесници оваа година е околу 700, наредната година очекуваме бројката да биде над 1000 учесници. Екипите кои ќе бидат учесници на овој младински турнир се од регионот, Бугарија, Србија, Хрватска, Албанија и најдоброто од Македонија, изјави Влатко Неделковски, претседател на „Скопје КУП“.





   
   
А репрезентација