ФФМ Форум на тренери

Објавено на 02 Февруари, 2018 во Вести, Семинари


Центарот за едукација на тренери и Тренерската организација при ФФМ го организираат годишниот Форум на тренери со еднодневна програма на презентации од интернационални и домашни стручни лица. Форумот ќе се одржи на 20  февруари, 2018 г. во Хотел Александар Палас – Скопје, со почеток во 11.30 часот.

Центарот за едукација на тренери и Тренерската организација при ФФМ ги покануваат сите тренери во Македонија за присуство а воедно и ги информира дека нивното присуството на овој Форум, согласно УЕФА Тренерската Конвенција, е задложително за сите носители на УЕФА диплома на било кое од трите нивоа (Б, А и Про), а како обврска која тренерите мора да ја завршат за да можат да остварат продолжување на своите УЕФА лиценци.

На овој Форум поканети се и сите тренери носители на Национална Ц лиценца кои работат во детските лиги, тренерите кои работат во женските лиги на ФФМ како и тренерите кои работат во Футсал.

На овој Форум свои презентации ќе имаат:

Небојша Марковски – Директор на Центар за Едукација на ФФМ

Игор Ангеловски – Селектор на македонска А Репрезентација

Боби Милевски – Селектор на Македонска У21 репрезентација

Зоран Стратев – Технички Директор на ФФМ

Ватрослав Михачич –УЕФА инструктор за примена тренери на голмани и Директор на Академијата за едукација на тренери на ХНС

Тренерите треба да бидат во Хотел Александар Палас најдоцна во 11.00 часот на 20.02.2018 г. за да го регистрираат своето присуство и подигнат акредитација, додека претходно своето присуство треба да го најават на следниот мејл: mario.gjurcinovski@ffm.com.mk. 

Форумот ќе заврши во 19:00 часот со заеднички коктел.

Ги замолуваме сите тренери да ги адаптираат своите обврски како би можеле непречено да присуствуваат на овој настан.




   
   
А репрезентација