Објавено на 22 Август, 2014 во Вести
Со оглед на Вашето денешно соопштение во кое го коментирате ставот кој Фудбалската федерација на Македонија го изнесе по повод обвинувањата на ФК Вардар дека нема еднакви услови за игра на стадионите во земјава, како и за некоректен однос кон ФК Вардар и мерките изречени за клубот, ФФМ со цел вистинито информирање на јавноста и покажување одговорност на секој субјект во рамките на своето делување, би сакале да го посочиме следното.
Во Вашето денешно соопштение имате моменти на контрадикторност.
Во дописот стои „ФК Вардар не посочува кон МВР, бидејќи има стандарди и норми како МВР постапува, а тоа е преку спроведување на закони усвоени од страна на Собранието на РМ“. На официјалната прес конференција организирана од Ваша страна, Претседателот на ФК Вардар јавно посочи кон државната институција дека не ја извршува својата работа како што треба. Во продолжение изјавата на Претседателот на ФК Вардар од вчерашната прес конференција:
Во низата контрадикторности од вашиот допис е и следното: „федерацијата никогаш не превзема ниту една
мерка како организатор на натпревар“. ФФМ не е организатор на натпреварите кои
ги играат клубовите, улогата на организатор ја има клубот домаќин.
ФФМ ги почитува и поздравува напорите и вложувањата на ФК Вардар за развој на клубот и фудбалот во Македонија, но како управувачко фудбалско тело ќе продолжиме да постапуваме во согласност со правилниците усогласени со Уефа и Фифа и еднакво да се однесуваме кон сите учесници во системот на натпреварување на ФФМ.
Фудбалската федерација на Македонија изминативе две година на дело ја покажа својата транспарентност, отвореност и посветеност за вистинските фудбалски вредности. Сметаме дека овој начин на комуникација не соодветстува со практиката на ФФМ и нема да продолжиме со ваков начин на комуникација. Фудбалската федерација на Македонија е отворена за секој предлог или идеја која ќе го подобри нашето фудбалско живеење и сите оние кои ги делат истите принципи се добредојдени во „Куќата на фудбалот“.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....