ФФМ е препознаена како позитивен пример во фудбалот

Објавено на 05 Март, 2016 во Вести


На редовното Генерално Собрание на Фудбалската федерација на Македонија кое е во тек, свое обраќање имаше Зоран Лаковиќ, претставник на УЕФА за менаџмент на национални асоцијации.

Г-дин Лаковиќ како најбитни факти во работата на Фудбалската Федерација ги издвои стабилноста на федерацијата, нејзиното континуирано нормално работење, инвестициите во локалната инфраструктура и процесот на креирање на млади играчи, позитивни карактеристики кои заслужуваат да бидат препознаени и наградени. 

„Би сакал да искажам пофалба на раководството на федерацијата за проектите кои ги спроведува, посебно во делот на реконструкција на четири стадиони (Битола, Тетово, Прилеп, и Штип), постојаното унапредување на условите за работа на младинската Академија и воспоставување на натпреварувачкиот систем.“

Потврдата за успешната работа дополнително се потврдува и директно од страна на УЕФА, „Скопје, Македонија и Фудбалската федерација на Македонија се препознаени од соодветните институции како позитивен пример за развој на фудбалот, а најдобар доказ за ова е доделувањето на организацијата на Европскиот Супер куп, натпревар кој ќе се одигра следната година на арената „Филип Втори“.“

Г-дин Лаковиќ уште еднаш го потврди ставот дека УЕФА е вистински и искрен пријател и сојузник на ФФМ и подготвена е и понатаму да ја искаже својата поддршка преку помош во реализацијата на зацртаните проекти, идеи, една нова фудбалска мисија која фудбалската федерација ја започнува.



   
   
А репрезентација