Објавено на 28 Октомври, 2015 во Вести
Фудбалската
федерација на Македонија им донираше опрема (спортска опрема и фудбалски топки
од германскиот производител - ЈАКО) на екипите од Првата женска лига, а во
соработка со ФИФА обезбеди донација за новоформираните младински екипи во
повеќе категории во женскиот фудбал (дресови, шорцеви, чорапи, копачки,
фудбалски топки - АДИДАС).
Во просториите на „Куќата на фудбалот“ донација примија претставници на десет екипи во 20-ет категории кои започнуваат да се натпреваруваат во системот на Фудбалската федерација на Македонија.
-Ќе се обидеме и во иднина да им ја дадеме целосната поддршка и помош на клубовите кои имаат намера да придонесуваат за развој на женскиот фудбал во Македонија. Наша заложба е да ги поддржуваме тие кои придонесуваат за развојот на фудбалот од најмалите категории, се до почетокот на професионалнта кариера. За сите тимови е значајно кога има некој што може да им помогне. Голема благодарност и до ФИФА за поддршката која тие ја дадоа - истакна генаралниот секретар на ФФМ, Филип Поповски.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....