ФФМ Детски Лиги: Доделени пехарите на најуспешните за сезона 2014/15

Објавено на 31 Мај, 2015 во Вести, Детски лиги


Во недела на 31.05.2015г.  на терените во тренинг центарот „Петар Милошевски“ се одиграа полуфиналните, финалните и натреварите за трето место на финалниот турнир од ФФМ Детските лиги за натпреварувачката 2014/15 сезона. 

48 екипи кои беа поделени во шест возрасни категории при што во секоја старосна категорија се натреваруваа по 8 екипи. Денеска беа беа познати најдобрите во генерациите на играчи родени  2001, 2002, 2003, 2004,2005  и 2006 година. 

Дипломите и пехарите на најуспешните екипи и поединци им ги доделија членот на Управен Одбор на ФФМ, Светозар Станковски и претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски.

Во продолжение можете да ги погледнете резултатите од финалните завршни натпревари од детските фудбалски лиги:

Резултати финален турнир детски лиги 2015.pdf 




   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација