Објавено на 29 Мај, 2023 во Документи, Вести
Една
од важните мисии на Фудбалската федерација на Македонија е давање поддршка на
општеството преку одговорен однос кон околината во која живееме и работиме. За
таа цел, нашата федерација ја создаде и усвои првата стратегија за социјална
одржливост.
Ирена Бакревска Милошевска
– менаџер за социјална одговорност:
„Стратегијата за социјална одржливост и нејзиното исполнување, е начин на којшто фудбалот како најважна споредна работа во светот ќе го врати долгот кон заедницата на којашто суштински и припаѓа.
Фудбалот како составен дел од општеството има огромна сила да поттикне социјален промени. Огромната сила која што ја поседува спортот, во исто време создава одговорност и обврска кон заедницата за создавање на најдобри услови каде што идните генерации ќе продолжат да играат фудбал. Оваа социјална одговорност и налагаше на ФФМ еден посистемски пристап на планирање и делување, со кој ќе биде опфатен одржливиот развој во сите аспекти на фудбалската игра и соработката со фудбалските чинители. Социјалната одржливост не се грижи само за заработката и трошоците, туку се грижи за начинот на кои истите се прават. Овој посистемски пристап резултираше со создавење на Стратегија за социјална одржливост. Целиот процес на создавање на стратегијата беше подржан и поттикнат од страна на УЕФА, која со издавањето на својата стратегија за Социјална одржливост: “Strength Through Unity” даде добар пример како понатаму системски да се развива ова поле на Фудбалската Федерација на Македонија, но и во останатите федерации во Европa“.
СТРАТЕГИЈА ЗА СОЦИЈАЛНА ОДРЖЛИВОСТ 2023/24-2026/27