Објавено на 10 Октомври, 2015 во Вести
Репрезентативецот Ферхан Хасани нема сериозна повреда на коленото, констатираше лекарскиот тим на македонската репрезентација по извршениот клинички преглед и анализа. Ферхан Хасани се повреди на синоќешниот натпревар против Украина и принудно беше заменет во раната фаза од квалификациската пресметка.
-По направениот клинички преглед и извршените клинички тестови, како и според наодот од магнетната резонанца костатиравме дека Ферхан Хасани има слободна течност и оштетувања на надворешниот менискус. Задниот вкрстен лигамент е во ред, како и колатералните лигаменти (внатрешен и надворешен). Единствено, постои парцијално оштетување на предниот вкрстен лигамент. По преземените третмани Ферхан не чувствува болка, а рехабилитацијата ќе трае најмалку три седмици, изјави д-р Виктор Камиловски.
Фудбалерот на Шкендија нема да патува за Белорусија. Во понеделник во Борисов, Македонија го игра последниот натпревар од квалификациите за Европското првенство.Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....