Објавено на 04 Ноември, 2015 во Вести
Конструктивни разговори и предлози поврзани со унапредување на меѓусебната соработка на фудбалски план беа тама на разговорот.
-Упатувам голема
благодарност до претседателот на ФФМ Ѓорѓиоски и потпретседателот Сејдини за
приемот и подршката што ни ја даваат. Ние сме среќни што денеска бевме тука и
имавме можност да зборуваме за понатамошните планови. Како најблиски соседи
цениме дека со Македонија треба да имаме најдобри односи и се надеваме дека соработката
ќе биде продлабочена во иднина. Како водечко фудбалско тело во Македонија и
членка на меѓународните фудбалски институции, ФФМ ги поддржува одлуките на УЕФА
и ФИФА и се надеваме дека ќе биде така и во однос на прашањето за нашиот прием
во тие институции. Откако тоа ќе се случи се надевам дека нашата соработка ќе ја
пренесеме и на терен со одигрување на меѓусебни пријателски натпревари меѓу младите
категории, а зошто да нѐ и на сениорите”, изјави претседателот на Фудбалската федерација на Косово, Фадил
Вокри.
-Мило ми е што денеска имавме гости од Косово, Фадил Вокри е наш драг пријател и имавме можност да разговараме за многу работи поврзани исклучиво со фудбалот. Како федерација секако дека сме запознаени со нивното барање за прием на Косово во УЕФА и ФИФА, а ние како дел од европската и светската фудбалска асоцијација ќе ги следиме инструкциите и ќе ја поддржиме секоја одлука. ФФМ секогаш е отворена за соработка, посебно со федерациите од најблиското окружување,изјави претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....