Објавено на 03 Јуни, 2014 во Детски лиги
Низ цела Европа се одржаа околу 400 настани подржани од УЕФА и на Националните Фудбалски Федерации, во кои учествуваа повеќе од 50,000 атлети на Специјална Олимпијада.
Во рамките на Специјална Олимпијада Македонија, а со подршка на Фудбалска Федерација на Македонија во Куќата на Фудбалот на 1/6/2014 се одржа Национален Турнир во фудбал за лица со попреченост, на кој учествуваа 86 атлети поделени во 9 тимови и според правилата на Специјална Олимпијада Македонија во 3 дивизии.
Резулататите се следни:
1-ва дивизија: 1 место: Св. наум Охридски - Скопје; 2 место: Искра – Штип.
2-ра дивизија: 1 место: Св. Наум Охридки 2; 2 место: Страшо Пинџур –Кавадарци; 3 место: Шампиони 1 - Скопје
3-та Дивизија: 1 место: Шампиони2 - Скопје; 2 место: Топанско Поле - Скопје
Женски: 1 место: Шампиони - Скопје; 2 место: Топанско поле - Скопје
Европската Фудбалска Недела е одлична можност за секој кој е вклучен во фудбалот, да придонесе за респект, прифаќање и инклузија на лицата со посебни потреби, а благодарение на подршката од Фудбалска Федерација на Македонија, нашите атлети имаа можност да се почуствуваат како вистински фудбалери на терените во Куќата на Фудбалот и во дресовите кои ги обезбеди ФФМ - вели Ана Петровска – Национален Директор на Специјална Олимпијада Македонија.