Објавено на 04 Март, 2016 во Вести
Изминатиот период високиот претставник на ФИФА, Ева Паскуер учествуваше и во изработката на стратешкиот план на Фудбалската федерација на Македонија.
-Долго време ја следам работата на Фудбалската федерација на Македонија, многу ми е мило што односите со федерацијата се на високо ниво. Имаме одлична соработка, а тоа посебно го потврдивме во изминатиот период кога заеднички го изработувавме стратешкиот план на ФФМ. Многу важен документ кој ќе биде претставен на Генералното собрание. Она што сакам посебно да го потенцирам е временската рамка за зацртаните цели. Невозможно е да се направи голем резултат за три години. Јас сум детално запознаена со вашата програма за млади фудбалери, фудбалската академија, програмата за едукација на тренери и инфраструктурни проекти, тоа се суштински работи кои ќе донесат резултат. Вие имате одлична администрација и претседател кој е целосно посветен на развој на фудбалот. Лидерството на Ѓорѓиоски и заедничката енергија ќе донесе резултати, изјави Паскуер.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....