Објавено на 19 Јуни, 2017 во Вести, До 21 год
Селекторот репрезентацијата на Македонија, Благоја Милевски на прес - конференција пред утрешниот натпревар против Србија од Европското првенство најави дека фудбалерите ќе се обидат да одиграат на нивото од пресметката против Шпанија. Милевски вели дека
-Ние сме концентрирани единствено на нашата игра, а не на онаа на противникот, иако многу добро знаеме дека имаат одлични поединци кои играат во Англија, Германија, Италија. По поразот од шпанците им кажав на фудбалерите и натаму силно да веруваат во своите квалитети, да ги држат главите гордо високо. Ќе продолжиме да го негуваме и натаму тимскиот дух во репрезентацијата, слично како што беше и на првиот натпревар со Шпанија, иако високиот пораз носи горчлив вкус. Ќе играме офанзивно секако, затоа што поинаку не знаеме и не сакаме да играме. Ако можевме против Шпанија да имаме 24 успешни напади, сигурно можеме и против Србија, рече Милевски прес-конференција во Бидгошч.
- Утрешниот натпревар со Србија е клучниот за нас на овој шампионат. Знаеме дека не очекува исклучително тежок дуел, но ние веќе се навикнавме на тоа. За никој од нас првенството не е завршено, и покрај високиот пораз од Шпанија. Напротив веруваме дека резултатски можеме да се вратиме. Играме против светските шампиони до 20 години. Ова е балканско дерби. Се надевам дека ќе бидеме на нивото од првиот натпревар со Шпанија, но овојпат резултатот ќе биде во наша корист, изјави капитенот на утрешниот натпревар Бобан Николов.
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....