Објавено на 22 Јуни, 2017 во Вести, До 21 год
Во пресрет на утрешниот последен натпревар од групната фаза на Европското првенство во Полска, селекторот на Македонија до 21 година Благоја Милевски и капитенот за натпреварот против Португалија Ѓоко Зајков на прес - конференција ги споделија очекувањата за пресметката против силниот противник.
-Се додека имаме шанси, макар и теоретски оваа репрезентација ќе се бори. Јас искрено се надевам дека интересот за репрезентацијата до 21 година ќе биде исто толку голем како и досега. Португалија е тим со одлични поединци, одиграа на високо ниво на двата натпревари, слично како и на квалификациите. Впрочем, Португалија заедно со Македонија ја имаше најдолгата низа на натпревари без пораз. Ние го почитуваме противникот, но ќе дадеме се од себе на најдобар начин да го завршиме натпреварувањето по групи од Европското првенство. Ритамот на натпревари физички исцрпува и поради тоа ќе има неколку замени во почетниот состав, изјави Благоја Милевски.
Натпреварот со Португалија е од големо значење, не е исто да се заврши првенството со еден или повеќе бодови. Португалија има одличен тим составен од исклучително квалитетни поединци, но ќе се бориме и ние. Ќе се обидеме да го неутрализираме нивниот напад, мислам дека ако се бориме до крај, од еден до последен можеме до позитивен резултат, изјави Ѓоко Зајков.
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....