ЕП 2018 футсал: Македонија во група со Казахстан и Чешка

Објавено на 21 Октомври, 2016 во Вести


Македонската А футсал репрезентација против Чешка, Казахстан и против победникот од прелиминарната група „Е“ (Кипар, Данска, Косово, Норвешка) ќе се бори за пласман на Европското првенство во Словенија во 2018 година.

Домаќин на квалификацискиот турнир ќе биде репрезентацијата на Казахстан во периодот од 3. до 12. април 2017 година. Првопласираните репрезентации обезбедуваат место на континенталното првенство. Најдобрите второпласирани и третопласирани ќе играат бараж за комплетирање на плеј - оф групата составена од 12 селекции.

На извлекувањето во Нион беа извлечени прелиминарните групи (А - Г) од кои само првопласираните селекции ќе обезбедат место во главната групна фаза.



   
   
А репрезентација