ЕП 2017: Македонија во група со Португалија, Шпанија и Србија

Објавено на 01 Декември, 2016 во Вести, До 21 год


Македонија ќе игра против Португалија, Шпанија и Србија во првата фаза од Европското првенство во Полска од 16. до 30. јуни за репрезентации до 21 година. 

Во Гдињ и во Бидгошч ќе играме против силните селекции на Шпанија, Португалија и Србија. 

Група А: Полска, Англија, Шведска, Словачка,

Група Б: Португалија, Шпанија, Србија, Македонија

Група Ц: Германија, Данска, Чешка, Италија

Ги добивме репрезентациите кои се во најдобрите пет европски селекции според квалитетот на младинскиот национален фудбал. Ова е вистинска можност да се претставиме во уште подобро издание. Македонија заедно со Полска на извлекувањето беше најспоменуваната селекција, а тоа говори за нашиот квалитет. Ќе се бориме и ќе се обидеме одново да ја израдуваме јавноста" изјави веднаш по извлекувањето селекторот на Македонија, Благоја Милевски. 




   
   
А репрезентација