Енис Барди: Секоја топка ќе ни биде важна

Објавено на 21 Март, 2022 во Вести, Вести


Македонската А репрезентација ги започна подготовките за плејоф натпреварот против Италија за пласман на Светското првенство во Катар.

Репрезентативецот Енис Барди вели дека во фудбалот не постојат фаворити. За нас е важно да бидеме сконцентрирани во секој момент од мечот.

- Сите знаеме колку ни е важна и колку тежок натпревар ќе ни биде. Најбитно за нас е да бидеме сконцентрирани во секој момент од мечот. Во денешниот фудбал фаворитите нѐ победуваа секогаш, можат и тие да имаат лош ден. Од друга страна, ние покажавме дека можеме да се надигруваме со сите. Мислам дека ќе одлучуваат детали, секоја секунда и секоја топка ни е важна. Мораме да се подготвиме и психолошки против Италија. 



   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација