Енис Барди поради повреда ги пропушта Хрватска и Чешка

Објавено на 28 Мај, 2024 во Вести, Вести


Капитенот на македонската репрезентација, Енис Барди поради повреда заработена на последниот натпревар за својот клуб Трабзонспор, не е во можност да се стави на располагање на македонската А репрезентација за натпреварите против Хрватска и Чешка. 

Истегнување на лигаментите на зглобот на десното рамо е повредата здобиена на мечот од последното коло во турското првенство која го спречува нашиот репрезентативец да биде дел од подготовките и контролните натпревари кои ни следуваат. 

Енис Барди веќе ја започна рехабилитацијата, но за жал не е во можност да биде дел од тимот на Македонија за натпреварите на 3. јуни во Ријека против Хрватска и на 10. јуни против Чешка во Храдец Кралове. 

Селекторот на нашата најдобра репрезентација, Благоја Милевски барем до овој момент нема да повикува дополнителен фудбалер како замена за Енис Барди. 

Денеска македонската репрезентација ќе одработи два тренинзи, утринскиот од 10:00 часот и попладне од 18:00 часот на тренинг центарот „Петар милошевски“. 



   
   
Актуелности

30.12.2024    Вести

Новогодишно интервју со Масар Омерагиќ - Претседател на ФФМ

Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија во новогодишно интервју одговара на новинарски прашања од медиумите...

27.12.2024    Вести

Горан Станиќ нов селектор на Македонија до 21 година

Седница на Управен одбор на Фудбалска федерација на Македонија....

Календар
А репрезентација