Објавено на 14 Ноември, 2019 во Вести, Вести
Во пресрет на последните два квалификациски натпревари од циклусот за пласман на ЕУРО 2020 против Австрија (16. ноември, „Ернст Хапел“, Виена) и Израел (19. ноември, Национална арена „Тодор Проески“), македонскиот репрезентативец Енис Барди вели дека овие два натпревари се многу важни и треба да влеземе со најголема концентарција доколку сакаме да оствариме позитивен резултат. Фудбалерот на шпански Леванте смета дека мораме да извлечеме поука од првиот дуел меѓу Македонија и Австрија, да бидеме попаметни и на високо ниво.
„Најпрвин, поголема мотивација од тоа што сме тука нема. Ние сме професионалци и играме за да бидеме подобри, а оваа година беше добра за нас, направивме одлични работи и овие два меча можат да ни помогнат да одиме напред. Дуелите кои ни следуваат ни значат многу. Сеуште имаме една шанса да одиме на ЕУРО 2020, а тоа е преку Лигата на нации. Мора да бидеме сконцентрирани и да дадеме максимум, а нашата цел е пласман на Европското првенство“.
„Треба да влеземе на мечот со најголема концентрација и да дадеме сè од себе како во секој натпревар. Јас мислам дека поразот во Скопје од Австрија беше лош ден за нас, направивме многу грешки. Мислам дека сега сме попаметни и ќе бидеме поконцентрирани. Многу е тешко да се игра против Австрија на нивни терен, тие се силни физички, но оваа наша селекција има многу добри играчи и сметам дека дуелот во Виена ќе биде уште поголема мотивација, зашто тие победија со 4-1 во Скопје, нешто што долго време нема направено ниту една репрезентација“Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....