Објавено на 07 Март, 2016 во Вести
По низата спорни моменти од натпреварот Кожуф - Тетекс од 16. круг во Втората фудбалска лига и инцидентот по крајот на натпреварот во кои учествуваше и асистентот на главниот судија, своја реакција дава претседателот на Судиската комисија на ФФМ, Емил Божиновски.
-По направената анализа на натпреварот, по детален преглед на снимката од мечот ФК Кожуф – ФК Тетекс и по консултација со сите членови на судиската комисија ќе побараме ригорозна казна за судиската четворка на натпреварот од 16. Коло во Втората фудбалска лига. Недопустливо е судии од таков ранг да го рушат кредибилитетот на нашата организација. Направени се очигледни грешки во неколку ситуации, а крајно недопустлива е постапката на асистентот на главниот судија по завршувањето на натпреварот. Судиската четворка нема да биде делегирана во понатамошниот дел од првенството сѐ до целосно констатирање на вината на секој од нив поединечно. Ние како судиска комисија ќе предложиме најригорозна санкција, изјави Емил Божиновски, претседател на Судиската комисија на ФФМ.
Во однос на натпреварот свој исказ ќе дадат сите официјални лица на натпреварот, по што доколку постои основано сомнение дека од страна на некои од официјалните лица на натпреварот се направени дејствија кои го загрозуваат интегритетот на натпреварот, ФФМ (оддел за интегритет на натпреварување), согласно своите надлежности ќе поднесе соодветна пријава пред надлежните државни органи.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....