Елиф Елмас: Да го исполниме детскиот сон

Објавено на 27 Март, 2022 во Вести, Вести


Репрезентацијата на Македонија го одработи последниот тренинг на и попладнево патува кон Португалија за плејоф мечот за пласман на Мундијалот. Во составот се враќаат Елиф Елмас и Тихомир Костадинов кои беа суспендирани и не играа со Италија. 

Елмас најави борба, посочи дека се свесни колку се близу до детскиот сон и шансата не смее да се испушти. 

Искрено ова можеби ќе биде еден од најтешките натпревари, највозбудливите на ите играчи што сме тука. Имаме 90 минути да си го исполниме детскиот сон, не само наш, туку и на цела држава. Едноставно мора да знаеме дека шансата не смееме да ја пропуштиме и треба да изгинеме на терен за да успееме да стигнеме до Катар“. 





   
   
А репрезентација