Објавено на 11 Декември, 2024 во Вести
Уште едно големо признание од страна на ФИФА доби судиската организација при Фудбалската федерација на Македонија.
Две наши судијки официјално го добија знакот на ФИФА со кој им е овозможено да делат правда на меѓународни натпревари.
Тамара Цветановиќ официјално стана ФИФА помошен судија, а Моника Даштевска стана футсал судија.