Објавено на 22 Март, 2016 во До 19 год
Натпреварите ќе се одиграат на Тренинг центарот „Петар Милошевски“ во ФФМ на 25 и 27.03.2016 со почеток од 15:00 часот.
Селекторот на нашиот Национален тим Г-дин Јетон Несими за овие два натпревари ги повика следниве фудбалери:
Голмани
Трајчевски Филип - ФК Вардар, Скопје
Јанков Ристе, ФК Работнички, Скопје
Одбрана
Стојковски Виктор - ФК Металург, Скопје
Семават Сефер - ФК Цирих, Швајцарија
Садики Нехар - ФК Еуромилк, Скопје
Бајрами Медин - ФК Марибор, Словенија
Митрев Антонио - ФК Металург, Скопје
Тодоровски Тодор - ФК Металург, Скопје
Маневски Михаил - Академија Пандев
Среден ред
Здравковски Давор - ФК Македонија ЃП
Елмаз Елиф - ФК Работнички, Скопје
Хани Агон - ФК Младост ЦД, Ресен
Мустафиќ Бенјамин - ФК Сент Политен, Австрија
Митровски Димитар - ФК Магдебург, Германија
Додев Дарко - ФК Металург, Скопје
Миловановиќ Даниел - Академија Пандев, Струмица
Шефити Шефит - ФК Шкендија, Тетово
Даци Ердон - ФК Вардар, Скопје
Напад
Абаз Емил - ФК Андерлехт, Белгија
Крстовски Марио - ФК Хоризонт Турново
Ристовски Милан - ФК Работнички, Скопје
„Ова е прв собир оваа година, како што знаеме квалификациите на репрезентацијата до 19 години се во Октомври, ги повикавме играчите за кои сметаме дека се најдобри и најподготвени. Финска не ни е познат противник со оваа генерација, меѓутоа знаеме дека се работи за квалитетна репрезентација и овие два натпревари ќе претставуваат добра можност да видиме со каков квалитет располагаме, но и да видиме кои ни се клучните недостатоци во екипата, како би знаеле на што да се фокусираме во периодот кој следува.“ – изјави селекторот Јетон Несими
Собирот на нашиот тим е закажан во Среда 23.03.2016 .
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....