Објавено на 08 Октомври, 2015 во Вести, Квалификации ЕУРО 2016, Вести
А репрезентацијата на Македонија, утре на 9. октомври игра со репрезентацијата на Украина во натпревар од квалификациите за Европското првентсво кое во 2016 година ќе се одржи во Франција. Во пресрет на последниот домашен натпревар од квалификациите, селекторот Љубинко Друловиќ, репрезентативците Ванче Шиков и Милован Петровиќ ги споделија очекувањата на официјалната прес конференција.
„Доколку ја повториме играта против Шпанија би можеле да се надеваме на позитивен резултат. Атмосферата во националниот тим е одлична, максимално сме подготвени за овој натпревар. Украина на оваа средба влегува како фаворит и сигурно дека тоа ќе сака и да го повтори. Шпанија треба да биде примерот како треба да одиграме и против Украина. Од натпревар во натпревар играме се подобро и подобро и овој квалификациски натпревар за нас претставува добра шанса за остварување на позитивен резултат. Аријан Адеми ќе недостасува во репрезентацијата, но сигурен сум дека другите играчи ќе можат да го заменат. Се надевам дека конечно и спортската среќа ќе не посака, бидејки на претходните натпревари таа не беше на наша страна.", изјави селекторот Љубинко Друловиќ.
„Пред нас е еден тежок натпревар против многу квалитетен противник. Но, доколку одиграме борбено и колективно, еден за сите, сите за еден, можеме да оствариме позитивен резултат. Бевме шокирани кога ја примивме веста за Аријан Адеми, жалиме за тоа што се случи со него, ја има целата наша поддршка. Јармоленко и Конопјанка се најопасните играчи во украинскиот состав, и доколку ги неутрализираме, шансите за успех се добри", вели репрезентативецот на Македонија, Ванче Шиков.
„ Мотивација постои секогаш кога се игра за дресот со државен грб. Дуелот со Украина ќе биде тежок, тие се фаворити на хартија, но кај нас има голем мотив да одиграме со срце и да ја изненадиме репрезентацијата на Украина", изјави репрезентативецот на Македонија, Милован Петровиќ.
лизира