Друловиќ повика четворица од младата репрезентација

Објавено на 06 Септември, 2015 во Вести

Барди, Николов, Зајков и Радески веќе се на собирот на А репрезентацијата и се во комбинација за настап на утрешниот натпревар со Шпанија.

Селекторот на А репрезентацијата на Македонија Љубинко Друловиќ пред квалификацискиот натпревар со Шпанија реши да повика дополнителни четворица фудбалери од младата репрезентација. Енис Барди, Бобан Николов, Ѓоко Зајков и Марјан Радески денеска го напуштија штабот на репрезентацијата до 21 година и се префрлија кај ‘возрасните’ под водство на Љубинко Друловиќ. Младата репрезентација во саботата оствари важна победа од 1:0 над Украина  во квалификациите за ЕП во Полска, а гореспоменатите играчи беа меѓу најдобрите. Во меѓувреме во А репрезентацијата се отвори место за нови играчи, откако стана извесно дека Бесарт Абдурахими и Стефан Ристовски отпаднаа за мечот со Шпанија поради жолти картони. Поради повреда нема да игра Аријан Адеми, а од исти причини неизвесен е Даниел Мојсов. Токму затоа Друловиќ се реши за нови играчи  и Барди, Николов, Зајков и Радески веќе се дел од А репрезентацијата и се во комбинација за настап на утрешниот натпревар со Шпанија во 20:45 часот на Националната Арена ‘Филип Втори во Скопје, дел од квалификациите за пласман на Европското Првенство што идната година ќе се одржи во Франција. 



   
   
А репрезентација