Објавено на 04 Октомври, 2023 во Вести, До 21 год
Натпреварот на програмата е на 17. октомври, на стадинот Зимбру, во Кишинев, со почеток во 17. часот по локално време.
Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 21 година, Драги Канатларовски, даде свој коментар околу составот со повикани фудбалери и ги сподели своите очекувања за претстојниот квалификациски натпревар.
- За претстојниот натпревар со Молдавија нема да има премногу промени во играчкиот кадар во однос на претходните мечеви, во моментов тоа се играчите со кои можеме да располагаме.
- Одредена група на играчи последниов месец не играат многу за своите екипи, но се одлучивме да ги повикаме поради одличната атмосфера што владее внатре во самата репрезентација.
- Од играта на моите фудбалери на дуелите со Шведска и Холандија, лично јас и мојот став сме премногу задоволни, нема што да им се забележи на момците кои одиграа максимално борбено и пожртвувано. Можевме и заслуживме да извлечеме позитивен резултат против Холандија, со оглед на играта и пропуштените можности што ги имавме на таа средба. Постои голема позитивна енергија и хемија помеѓу овие фудбалери, радува фактот што на секој меч без оглед на противникот играат со голема желба, одлучност и залагање.
- Пред нас имаме нов, предизвик, нов натпревари од кавилификациите против репрезентацијата на Молдавија. Со нетпрение го очекуваме овој натпревар, не само ние како стручен тим, туку и самите фудбалери. Се надевам дека ќе продолжиме во ист ритам и со позитивен резултат ќе се вратиме дома. Дуелот против Молдавија е од огромно значење за нас. Доколку сакаме да бидеме на едно од првите две места во нашата група, овој меч мора да се добие.
Собирот на репрезентацијата на Македонија до 21 година е на 9 октомври, во 12. часот во хотел Парк, во Скопје.
Младата репрезентација на Македонија до 21 година и официјално ги започна подготовките за претстојните два квалификациск...