Драги Канатларовски: Се надевам дека ќе продолжиме со добрата игра и позитивните резултати

Објавено на 30 Август, 2023 во Вести, До 19 год


Младата репрезентација на Македонија до 21 година во воведното коло од квалификациите за пласман на ЕП 2025 играат против селекцијата на Шведска на гостински терен. Натпреварот на програмата е на 8. септември, во Јенчепинг, со почеток од 18. часот. 

Четири дена подоцна, на тренинг центарот „Петар Милошевски", во Скопје, во 15:30 часот го пречекуваме фаворитот во групата, селекцијата на Холандија.

Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 21 година, Драги Канатларовски, даде свој коментар околу составот со повикани фудбалери и ги сподели своите очекувања за претстојните квалификациски натпревари.

-Започнуваат квалификациите за пласман на ЕП 2025. Претходниот период се подготвувавме навистина многу добро и со големо внимание и нетпрение го очекуваме стартот на овие квалификации. На списокот се повикани фудбалери кои во изминатава година покажаа најголем квалитет и континуитет на добри игри. Фудбалери кои се стандардни како во репрезентацијата, така и во своите клубови и сосесама заслужено се најдоа на овој список. Се надевам дека ќе продолжиме во ист  ритам на добри игри и ќе успееме да оствариме позитивен успех на овие квалификациите. Фудбалерите мора да веруваат во себе, треба да бидат подготвени на борба и да дадат се од себе за дресот со државен грб. 

-Најпрво треба да се фокусираме на првиот натпревар, на гости против силниот тим на Шведска. Имавме доволно време да го анализираме составот на Шведска, нивниот начин на игра. Добро е кога ќе можеш да ја препознаеш играта на противникот, но најдобро е кога се познаваш себе и своите квалитети. Ја искористивме изминатава година да одиграме што повеќе натпревари и да се подгтовиме што е можно подобро за предизвиците што не очекуваат во овие квалификации. Одигравме дванаесет контролни меча, во кои одлично се запознавме со карактеристиките на играчите и ја одредивме формацијата и тактитката за претстојните натпревари.

-Одлично функционираме како тим, се надевам дека ќе го продолжиме трендот на позитивни игри и резултатити и во воведните кола на овој квалификациски циклус. Сакаме на мечевите со Шведска и Холандија да освоиме што е можно повеќе бодови, а секако најсреќни би биле доколу ги освоиме и сите шест бода.

-Располагаме со квалитетна група на млади, но веќе докажани фудбалери како во репрезентацијата, така и во клубовите. Би сакале да го повториме успехот од 2017 година и пласманот на Европското првенство во Полска. Овие играчи не се веќе само таленти, туку се и изградени фудалери. Тоа е мојот став, ако сакаме успех, мора да веруваме максимално во себе, да бидеме подготвени на борба и да фукнционираме како колектив тоа мојот став. 

Собирот на репрезентацијата на Македонија до 21 година е на 3. септември, во 12. часот во хотел Парк, во Скопје.








   
   
Актуелности

30.12.2024    Вести

Новогодишно интервју со Масар Омерагиќ - Претседател на ФФМ

Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија во новогодишно интервју одговара на новинарски прашања од медиумите...

27.12.2024    Вести

Горан Станиќ нов селектор на Македонија до 21 година

Седница на Управен одбор на Фудбалска федерација на Македонија....

Календар
А репрезентација