Објавено на 01 Септември, 2021 во Вести, До 21 год
Младата репрезентација на Македонија до 21 година денеска во 19:30 часот на ММ Арена во Ле Ман го одржа официјалниот тренинг пред натпреварот со селекцијата на Франција на почетокот на квалификациите за пласман на Европското првенство во Романија и Грузија 2023 година.
Селекторот Драги Канатларовски се соочува со проблеми поради отсуството на Марио Младеновски (Ботев Пловдив), Адриан Хајдари (Рапид Виена) и Димитар Тодоровски (Работнички). Тројцата поради позитивен Ковид-19 тест ќе ги пропуштат двата воведни натпревари од квалификациите за ЕП 2023. Амел Рустемоски од швајцарски Вил поради повреда заработена на клупскиот тренинг не е во можност да се стави на располагање за првиот меч против Франција.
Драги Канатларовски - селектор на репрезентацијата на Македонија до 21 година
- Очекуваме тежок натпревар, Франција е апсолутен фаворит во нашата група. Нема да се предадеме, ќе го дадеме максимумот, очекувам да одиграме на високо ниво, верувам во моите фудбалери. Се соочивме со проблем на стартот на подготовките, четворица наши стандардни фудбалери не се на располагање, но што е тука е. Останатите фудбалери тренираа одлично, ги разбираат моите идеи. Желбата за докажување е огромна. Со нетрпение го очекуваме утрешниот натпревар.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....