Достапен проект за изградба на модерни соблекувални со придружни простории

Објавено на 13 Декември, 2016 во Вести


Фудбалската федерација на Македонија изработи основен проект за модерни фудбалски соблекувални со придружни простории кои ги задоволуваат високите критериуми на енергетска ефикасност, едноставен конструктивен систем, квалитетни материјали со повисоки перформанси.


Проектот изработен во согласност со Правилниците за инфраструктура за Прва и Втора фудбалска лига одобрен од телото за инфраструктура на ФФМ е достапен за сите спортски клубови или поединци кои имаат намера и желба да инвестираат во фудбалот и спортската инфраструктура.

Бесплатниот проект за изградба на модерни соблекувални со придружни простории е достапен на веб страницата на Фудбалската федерација на Македонија на следниот линк:

http://ffm.mk/osnoven-proekt-za-soblekuvalni-za-fudbaleri-so-pridruzni-prostorii




   
   
А репрезентација