Објавено на 12 Октомври, 2018 во Вести
Досегашните испитувања и добиените резултати од клиничката болница „Систина“, а поврзано со стомачните тегоби на кои се жалеа неколкумина фудбалери од А репрезентацијата на Македонија, покажуваат дека се работи за стомачен вирус. Испитувањата даваат слика дека објективната причина за состојбата на дел од фудбалерите во националниот тим не е труење со храна. Дополнително се преземени сите неопходни мерки од епидемиолошки аспект за целосно утврдување на причината за настанатата состојба.
Лекарскиот тим во репрезентацијата постојано ја следи состојбата на сите вклучени во националниот тим и ги презема неопходните активности.