Објавено на 19 Септември, 2022 во Вести, Вести
Македонската репрезентација ги започна подготовките за натпреварите против Грузија (Тбилиси, 23. септември) и Бугарија (Скопје, 26. септември) од групата 3 во Лига на нации.
Репрезентативецот Дориан Бабунски смета дека сите фудбалери кои се наоѓаат во тимот треба да го покажат својот квалитет, иако сме соочени со многу откажувања на важни фудбалери поради повреда.
„Против Грузија во Скопје почнавме во одлично темпо, но тоа треба да го играме до крај, 90 минути. Неколку важни фудбалери ни недостасуваат, но мислам дека сите што сме тука ќе покажеме квалитет“.
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....