Донација од ФФМ на вода за пиење и средства за хигиена за настраданите во поплавите

Објавено на 03 Февруари, 2015 во Вести

Спортскиот фер плеј и заедништво се докажува на фудбалскот терен, но и надвор од него.

Токму со таа цел вработените во Фудбалската федерација на Македонија брзо го прифатија апелот на Црвениот крст на Македонија за помош на настраданото население од поплавите во Македонија.  Вработените во куќата на фудбалот донираат вода за пиење и средства за хигиена, нешто што му е најпотребно на  населението кое во моментов се соочува со природна катастрофа, причинета од изливот на реките во неколку реони на Македонија.

Брзата реакција на вработените во ФФМ е најдобар доказ за постоењето на хуманост, взаемност и солидарност, како и силна желба за пружање помош и поддршка на оние граѓани кои имаат потреба од тоа. Ги повикуваме и другите спортски федерации, институции и компании да се приклучат во оваа акција, и се надеваме дека барем малку ќе им помогнеме на погодените семејства” - изјави Генералниот секретар на Фудбалската федерација на Македонија, Филип Поповски.

ФФМ како синтеза на најпопуларниот спорт, најголемите спортски имиња, многу активности, многу приказни, голема еуфорија, е детерминиран и има долгорочна цел да биде „на теренот“, да развива најразлични концепти кои ќе и помогнат и ќе ја унапредат локалната заедница, ќе го подобрат квалитетот на животот, ќе помогнат во привлекувањето што е можно повеќе млади луѓе да се занимаваат со спорт, ќе промовираат идеи и ќе поттикнуваат хуманитарни активности, однесувајќи се со интегритет, обединети во радоста што ја носи фудбалот!




   
   
А репрезентација