Објавено на 09 Декември, 2014 во Вести
Градоначалникот
Никола Бакрачески вели дека оваа донација од ФФМ ќе даде нов импулс во
развојот на спортот во Охрид. „Се
надевам дека овој терен на вештачка трева кој што е изграден по највисоките
стандарди на УЕФА ќе
биде одлична можност за сите оние фудбалски друштва и клубови во Охрид, да
почнат со адекватни подготовки, она без кое не може да се замисли развојот на
фудбалот преку цела година, а не само за време на пролетта и летната сезона
кога има идеални услови за тренинг. Правиме сѐ да ги
мотивираме младите луѓе во Охрид сѐ повеќе да спортуваат и се надевам дека во
блиска иднина во Охрид ќе никне фудбалски клуб, она што охриѓани го бараат од
нас, она за што охриѓани се желни, а кое ние како одговорна локална власт сме
обврзани да им го понудиме на граѓаните на Охрид “ изјави градоначалникот
Никола Бакрачески.
Според Бакрачески, новото фудбалско игралиште воедно нуди и нова можност за
развој на спортскиот туризам во Охрид, односно можност за сите спортски екипи
своите зимски подготовки да ги реализираат во Охрид. Дополнително, според
градоначалникот Бакрачески, ова игралиште е можност и за развивање на
спортскиот дух кај најмладите.
Инаку димензиите на игралиштето со вештачка трева се 110 на 80 метри, со што ги задоволува стандардите на ФИФА И УЕФА.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....