Објавено на 06 Октомври, 2014 во Вести
Непосредно пред фудбалскиот меч на Македонија со Луксембург Фудбалската Федерација на Македонија утре со почеток во19.30 часот во Скопје Сити Мол ве поканува на дружење со реномираните фудбалски ѕвезди Агим Ибраими, Александар Трајковски како и македонската музичка ѕвезда Даниел Кајмаковски кој од неодамна стана промотор на репрезентацијата на Македонија.
Сите посетители ќе можат оваа ретка можност да ја искористат за да се сликаат, да земат автограм и да се дружат со ѕвездите.
Пред важниот натпревар кој не очекува на 9ти октомври сакаме нашите фудбалски ѕвезди заедно со Даниел и од близу да се сретнат и дружат со своите фанови без чија поддршка не може да се замисли ниту еден меч. Фудбалска федерација на Македонија има за цел да се грижи за фудбалската иднина, преку јакнење на победничкиот менталитет и преку овозможен пристап на фановите до врвните фудбалери кои ги бранат боите на македонскиот тим.
Сите заинтересирани можат да дојдат и да ја искористат оваа можност да ги бодриме и поодржиме нашите фудбалски репрезентативци во Скопје Сити Мол заедно со Даниел.