Објавено на 15 Јуни, 2017 во Вести, Семинари
На иницијатива на Тренерската организација на Словенија и нејзиниот Претседател Г-дин Руди Брачич, во текот на 14. јуни, 2017 во Порторож - Словенија, претседателите на тренерските организации на Словенија – Руди Брачич, Македонија – Ѓоре Јовановски, Хрватска – Иво Шушак, Србија – Слободан Павковиќ и Босна и Херцеговина – Мунир Таловиќ потпишаа Договор за стручна соработка. На потпишувањето на овој Договор присуствуваше и Потпретседателот на европската тренерска организација – AEFCA – Фреди Фиорентини, кој даде голема подршка за овој вид на соработка помеѓу тренерски организации.
На овој настан присуствуваа и Претседателот – Раде Мијатовиќ и Потпретседателот – Миран Јарц на Словенечкиот фудбалски сојуз.
Договорот за соработка се однесува на размена на стручни кадри за потребите на тренерската едукација а посебно во делот на организација на УЕФА Про курсевите, размена на искуства и стручна литература, присуство на годишните семинари за лиценцирање на тренери и
Исто така секоја од тренерските организации потписнички на овој договор еднаш годишно ќе биде домаќин на стручен собир.
Сите тренерски организации се сложија дека потпишувањето на овој Договор за стручна соработка не смее да остане само на хартија туку треба да биде почеток на едн одлична соработка со една цел – подобрување на стручноста на тренерите на овие простори а со тоа и подобрување на фудбалската игра.