Доделени наградите за најдобрите во македонскиот фудбал за изминатата сезона

Објавено на 24 Декември, 2014 во Вести


На 23.12.2014  во МНТ се одржа манифестацијата на која Фудбалската федерација на Македонија официјално им ги додели наградите на најдобрите фудбалски работници за изминатата 2014 година

На свечената церемонија  признание добија:

  • Игор Ангеловски за најдобар тренер за сезоната 
  • Борче Маневски за најдобар фудбалер во МФЛ 
  • Дејан Блажевски за најдобар стрелец за сезоната 2013 2014
  • Наташа Андонова за најдобра фудбалерка во женски фудбал за сезоната 
  • Афродита Салихи за најдобар стрелец во женски фудбал за сезоната 2013 2014
  • Зоран Левевски за најдобар тренер во футсал 
  • Кристијан Златковски за најдобар фудбалер во футсал
  • Влатко Колев за најдобар тренер во младински фудбал
  • Јасир Асани за најдобар младински фудбалер 
  • Михајло Јакимоски за најдобар стрелец во младински фудбал за сезоната 2013 2014
  • ФК Металург за најдобар клуб во младинскиот фудбал
  • Минчо Јорданов за заслужен фудбалски работник
  • ФК Работнички- Скопје за фер плеј екипа на годината
  • Димитар Мечкаровски за најдобар судија
  • Агим Ибраими за најдобар репрезент во македонскиот фудбал во странство
  • ФК Вардар и ФК Шкендија за унапредување на македонскиот фудбал 
  • Ивко Панговски, Трајко Стаматоски и Кирил Манев за особен придонес и афирмација на македонскиот фудбал 
  • Марјан Секуловски и Васко Андоновски за успешна тренерска работа во странство
  • МРТ, МРТ 2, Сител, Канал 5, Алсат М, Македонски Спорт, Екипа, Macedonian Football за медиумска подршка на македонскиот фудбал




   
   
А репрезентација