Објавено на 29 Април, 2015 во Вести, Семинари
На самиот почеток на семинарот претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски свечено ги врачи ФИФА знаците на македонските судии, асистенти судии и футсал судии.
Во рамки на семинарот за судии беше претставена и новата судиска опрема АДИДАС која ФФМ ја набави на почетокот на натпреварувачката 2014/15 сезона. ФФМ исто така набави и 2 комуникациски системи за шест судии која се користи на еден натпревар од секое коло од Првата Македонска Фудбалска Лига заедно со спрејот кој исчезнува.