Добринко Илиевски: Свесни сме за своите квалитети

Објавено на 03 Декември, 2015 во Вести, До 17 год


Македонската репрезентација до 17 години е во групата 4 од квалификациите за Европското првенство. Србија, Италија и Албанија се противници на Македонија до 17 години на квалификацискиот турнир кој ќе се одржи во Италија. Финалниот турнир за репрезентации до 17 години ќе се игра во Хрватска во 2017. година.

Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 17 години , Добринко Илиевски вели дека пред нив е долг период на подготовка и потребно е да се вложи голем труд од сите доколку сакаме да се надеваме на пласман во следната фаза на квалификациите.

-Репрезентацијата на Италија е фаворит во групаta и по рејтингот и по квалитетот кој го поседуваат. Тоа го докажаа и на контролниот турнир кој се одигра во Скопје, на тренинг центарот „Петар Милошевски”. Сите други репрезентации имаат подеднакви шанси за пласман понатаму. Ние сме свесни за своите квалитети, но и за фактот дека треба многу работа за да ги корегираме грешките и да ги подобриме перформансите . Многу труд треба да вложиме сите заедно ако сакаме пласман во следната фаза од квалификациите.

Вујадин Станојковиќ вели дека играчите од овој состав докажале дека поседуваат голем квалитет.

-Македонија се наоѓа во една тешка група. Сите селекции се многу силни, меѓутоа оваа млада репрезентација на Македонија во претходните натпревари, особено на контролниот турнир против селекциите на Италија и Србија покажа еден голем квалитет, благодарение на одличната организација и работењето на академиите во Македонија. Се надевам дека во иднина ќе бележиме и уште поголеми успеси.




   
   
А репрезентација