Објавено на 21 Октомври, 2016 во Вести
Македонската репрезентација до 17 години ги започна подготовките за квалификацискиот турнир за пласман во елитната фаза на УЕФА кој ќе се одржи во Италија. Противници на нашата надежна селекција се репрезентациите на Италија, Србија и Албанија. Селекторот на Македонија до 17 години, Добринко Илиевски за важните квалификациски натпревари ќе смета на следните фудбалери:
Македонија до 17 години: Мите Секулов (Капри, Италија), Кире Трпчевски (Њу Старс), Филип Антовски (Вардар), Ангел Страторски (Горица, Словенија), Марко Симуновиќ (Партизан, Србија), Џејми Перчевски (Мелбурн, Австралија), Стефан Симоновски (Работнички), Бесник Ферати (Шкупи), Марио Наумоски (Победа), Енис Фазлагиќ (Шкендија), Лука Трајкоски (Победа), Алтин Сефо (Шкупи), Анес Османоски (Унтерахинг, Германија), Мартин Ристов (Публикум, Словенија), Дарко Чурлинов (Келн, Германија), Саит Битиќи (Вардар), Бојан Колевски (Металург);
Првиот натпревар ќе го одиграме против Србија на 26. октомври, два дена подоцна играме против домаќинот Италија, а на 31. октомври квалификациите ги завршуваме против Албанија.