Директни преноси од Прва МФЛ

Објавено на 26 Февруари, 2015 во Вести


Поддржувачите на македонскиот фудбал в недела од 14.00 часот имаат можност натпреварот од Првата лига меѓу Работнички и Хоризонт Турново од Националната арена „Филип Втори“ во Скопје да го гледаат во директен пренос на Македонската телевизија. Во живо преку интернет страната на Фудбалската федерација на Македонија, www.ffm.mk во недела од 14.00 часот пренос ќе има од натпреварот во Битола меѓу Пелистер и Брегалница. Двата натпревари се во рамки на 18-от круг во Првата МФЛ. Во останатите натпревари од 18-от круг од Првата МФЛ се среќаваат: Тетекс – Шкендија, Силекс – Вардар и Ренова – Металург.

Пелистер - Брегалница, 01. март, 14.00 часот. www.ffm.mk

Работнички - Хоризонт Турново, 01. март, 14.00 часот. Македонска Телевизија




   
   
А репрезентација