Директни преноси од 1 и 2 МФЛ и дерби натпреварот Академија Пандев – Плачковица од Трета лига - исток

Објавено на 06 Ноември, 2015 во Вести

Поддржувачите на македонскиот фудбал викендот што следува имаат можност натпреварите од Првата и Втората лига да ги гледаат во живо преку интернет страната на Фудбалската федерација на Македонија, www.ffm.mk.

Во сабота од 13.00 во директен пренос ќе бидат пренесувани натпревари: Еуромилк - Македонија ЃП, Љубанци - Тетекс, Победа - Скопје, Гостивар - Пелистер и Велазерими - Кожуф.

Во недела од 13.00 часот во живо ќе бидат пренесувани натпреварите: Вардар - Брегалница, Шкендија - Хоризонт Турново, Шкупи - Ренова и Силекс - Работнички.

Во неделниот термин од 13.00 часот во живо ќе биде пренесуван и дерби натпреварот од Третата лига - исток меѓу екипите на Академија Пандев - Плачковица.




   
   
А репрезентација