Девојчиња до 17 години: Заврши развојниот турнир во БиХ

Објавено на 28 Август, 2015 во До 17 год жени

Нашиот национален тим, турнирот во Босна и Херцеговина го заврши со една победа и два порази, со што ова натреварување го завршивме на делба на третото место.


Македонската фудбалска селекција со пораз го заврши УЕФА развојниот турнир за девојчиња до 17 години. Избраничките на селекторот Кирил Изов се поразени од селекцијата на Црна Гора со 1:2 (1:1). 

Стрелец на единствениот гол за Македонија беше Елена Петровска во 35 минута. Противникот до победата стигна со головите на Касандра Морачанин во 18та и Јована Брашко на стартот од второто полувреме во 43та минута.

Задоволен сум од целокупното преставување на турнирот. Девојчињата покажаа желба и мотивација, но по несреќниот пораз на првиот натпревар, денес беше евидентен заморот во нашата екипа, што на крајот се одрази и на резултатот. Имаме уште неполн месец до квалификацискиот турнир и сега имаме јасна претстава со каков капацитет располага оваа селекција, како и во кој правец треба да се движат подготовките - изјави селекторот Кирил Изов.


МАКЕДОНИЈА – ЦРНА ГОРА  1:2 (1:1)

МАКЕДОНИЈА:  1. Евгенија Крстеска 2. Ана Благонова 3. Теодора Ѓорѓиевска  4. Ива Биневска  5. Цветанка Мицева 6. Анастасија Николовска 7. Елена Петровска  8. Марија Белистојаноска  9. Мила Талевска  10. Јана Чубриновска  11. Улза Максути  12. Суарта Речи 13. Елма Шемсовиќ  14, Драгана Гегова 15. Викторија Игњатовска 16. Јована Ѓорѓиевска 17. Анита Гоцевска  18. Дениз Алилоски 19. Тедора Димовска 20. Надица Костеска

ЦРНА ГОРА: 1. Катерина Јоксимовиќ 2. Тамара Тошиќ 3. Јована Влаховиќ 4. Џенана Дачиќ 5. Билјана Лончар 6. Данка Топаловиќ 7. Маја Шарановиќ 8. Јелена Вујадиновиќ 9. Јована Брашко 10. Билјана Вранеш 11. Ана Нововиќ 12 Ивана Чебаркапа 13. Илинка Рочен 14. Кристина Ковачевиќ 15. Касандра Морачанин 16. Андра Вучиќ 17. Ксенија Јелениќ 18. Александара Поповиќ 19. Тамара Трипковиќ 20. Тамара Чогуриќ




   
   
А репрезентација