Денес на тренинг центарот Петар Милошевски беа одиграни
осминафиналните натпревари од финалниот турнир во ФФМ детските лиги за сезона 2018/19
во категории 2006-2010. Турнирот го отвори координаторот на лигите Кочо
Димитровски кој ги поздрави присутните, им посака многу успех, и ги потсети
дека ја работат најблагородната работа со која сите треба да бидеме горди.
Учество денес зедоа 80 екипи и 1300 фудбалери.
Подолу можете да ги
погледнете постигнатите резултати, како и распоредот за четвртфиналните и
полуфиналните натпревари, кои се на програмата утре (25.05.2019), кога ќе учествуваат 48 екипи во сите шест
категории.
Дијаграм 2019 ДЛ последен.pdf