Објавено на 03 Декември, 2014 во Вести
Денот на дрвото одбележан и во Фудбалската федерација на Македонија. Вработените во Фудбалската федерација на Македонија се приклучија на акцијата за пошумување која денеска се одржува во Македонија. Симболично, најмладите фудбалери од Детската лига заедно со вработените од ФФМ пред „Куќата на фудбалот“ засадија борчиња.