Делегирање, 1 коло, 1 МФЛ

Објавено на 05 Август, 2016 во Прва МФЛ


Поради добиена одлука од Дисциплинската комисија на ФФМ во која се наведува дека асистентот судија Тошевски Саше од Скопје е суспендиран, Комесарот за делегирање судии направи корекција на делегирањето на натпревар од првото коло на Првата МФЛ каде горе наведениот судија беше делегиран.

На натпреварот Вардар – Шкупи кој се игра на 07/08/2016 година (недела) во Струмица со почеток во 20:00 часот, на местото на вториот асистент судија Тошевски Саше од Скопје, делегиран е Станковски Ѓорѓи од Струмица, а на местото на четвртиот судија Костенчев Никола од Скопје, делегиран е Гоцевски Марјан од Струмица.

Во продолжение комплетното делегирање од првото коло на Првата МФЛ со настанатите промени:

Делегирање 1 коло Прва МФЛ.pdf



   
   
Актуелности

30.12.2024    Вести

Новогодишно интервју со Масар Омерагиќ - Претседател на ФФМ

Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија во новогодишно интервју одговара на новинарски прашања од медиумите...

27.12.2024    Вести

Горан Станиќ нов селектор на Македонија до 21 година

Седница на Управен одбор на Фудбалска федерација на Македонија....

Календар
А репрезентација