Објавено на 27 Август, 2015 во Вести, До 21 год
Во моментов ми се случува она што го посакував сите овие години. Ја започнав сезоната за мојот матичен клуб во стартните 11, и за прв пат ми е дадена можност да играм цели 90 минути. Мојата моментална форма е забележана и од новиот тренер на тимот, но и од сите останати челни луѓе во Барселона, вклучувајќи го и Луис Енрике. Јас навистина сакам да го дадам својот максимум за македонската млада репрезентација, но токму тој викенд кога е повикот за репрезентативниот настап имаме дерби натпревар со Еспањол. Мое мислење, а и мислење на мојот тренер е дека моменталната одлична форма треба да ја ставам во функција на клубот на овој дерби натпревар. Ова ми е последна сезона за тимот на Барса Б, и ми преостануваат само уште три до четири месеци да ја ставам во функција сета досегашна напорна работа која ја имам вложено за изградба на моите играчки капацитети и да докажам дека поседувам квалитет достоен за еден клуб како што е Барселона. Јас ја почитувам националната селекција и сакам да бидам дел од националниот тим и во иднина, но сметам дека доколку успеам да се наметнам во матичниот клуб ќе можам многу повеќе да дадам за репрезентацијата во следните натпревари. Јас верувам во нашата млада селекција и во талентот и капацитетот на играчи со кои располага и сакам да им ја дадам комплетната поддршка - изјави Давид Бабунски
Јас неколку пати разговарав со Давид, и иако сметам дека тој и е многу потребен на селекцијата и како играчки капацитет и на позицијата на која настапува, морам да ја почитувам неговата одлука со надеж дека неговите амбиции во клубот ќе се остварат. Иако тој нема да биде во можност да настапи на натпреварите со Украина и Австралија јас ќе сметам на него во иднина за останатите натпревари на репрезентацијата до 21 година – истакна селекторот Благоја Милевски.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....