Објавено на 21 Март, 2022 во Вести, Вести
Македонската А репрезентација ги започна подготовките за плејоф натпреварот против Италија за пласман на Светското првенство во Катар.
Повратникот во најдобриот национален тим, Давид Бабунски вели Македонија има сила да им се спротивстави на Европските прваци. Најави игра со срце за победа.
- Среќен сум што повторно сум дел од најдобрата македонска репрезентација. Ја имам истата желба и гордост како и првиот пат кога настапив за Македонија. Свесни сме за предизвикот кој ни следува, но оваа репрезентација покажа дека може да се надигрува со најголемите селекции. Подготвени сме за ваков предизвик.
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....