Објавено на 22 Мај, 2014 во Вести
Еден од македонските репрезентативци од категоријата „иднината е пред него“ вели дека е среќен што се враќа во најдобрата селекција, се надева дека младите во тимот ќе ја оправдаат укажаната доверба.
-Среќен сум што повторно сум дел од најдобрата македонска репрезентација. Сакам да уживам во работата со овој тим, како на подготовките, така и на натпреварите. За секој состав е важен тимскиот дух и позитивната атмосфера, се надевам дека заеднички ќе го подигнеме на повисоко ниво со цел да уживаме во играта и во резултатите. Селекторот верува во младите играчи, добро не познава, ние ја претставуваме таа нова генерација на македонскиот фудбал и се надевам дека сите ќе го дадеме најдоброто од себе да ја оправдаме довербата. Условите кои ги имаме во Австрија се исклучителни, имаме малку подолг период за подготовки, а тоа е битно за репрезентацијата во која има неколку нови фудбалери. Се надевам дека се ќе мине во најдобар ред, сега сме фокусирани на планот за тренинзи и исполнување на тоа што го бара селекторот, а за натпреварот со Камерун ни треба позитивен резултат, тоа ќе ни ја подигне самодовербата, во овој период ни треба таков ветер во грб, изјави Давид Бабунски.
Македонската репрезентација веќе трет ден ги одработува подготовките пред натпреварите со Камерун на 26. мај во Куфштајн и четири дена подоцна против Катар во италијански Риети. На тимот предводен од селекторот Ѓуровски утре му се приклучуваат Горан Попов и Јован Костовски. Поради повреда, Даниел Мојсов веројатно нема да може да му помогне на тимот за контролните пресметки.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....