Објавено на 09 Октомври, 2023 во Вести, Вести
Украина - Македонија
Квалификации за ЕП 2024
14. октомври, 15:00 часот, стадион на Спарта Прага, Чешка
Македонската А репрезентација денеска официјално ги започна подготовките за квалификацискиот натпревар за ЕП 2024 против Украина (14. октомври, 15:00 часот) во Прага.Повиканите фудбалери со исклучок на Ваљон Етеми и Елиф Елмас кој вечерва ќе пристигне во тимската база го одработија првиот тренинг на „Петар Милошевски“ во Скопје.
Повратникот во најдобрата селекција, Дарко Чурлинов вели дека е среќен што повторно може да игра фудбал после здравствените предизвици, а уште посреќен што е дел од македонската репрезентација. Фудбалерот на англиски Барнли смета дека против Украина треба да го потврдиме квалитетот за позитивен резултат.