Објавено на 07 Септември, 2019 во До 21 год
Собирот и подготовките на репрезентацијата до 21 година за првиот напревар од новиот квалификациски циклус против Фарски Острови се во полн ек.
Ние работиме напорно за следните натпревари. Моментално се концентрираме на натпреварот со Фарски Острови. Би кажал дека ниту една репрезентација не е за потценување, па ни нашот прв противник. Би требале да дадеме се од себе за да победиме на натпреварот и се надевам на добри резултати и на овој и на следните натпревари во овој циклус. Атмосферата во нашата репрезентација е одлична, и искрено се надевам дека така и ќе остане. - изјави талентираниот играч на бундеслигашот Келн, Дарко Чурлинов.
Македонската репрезентација до 21 година ќе биде домаќин на Фарски Острови на 10. септември на главниот терен на ФФМ тренинг центарот. Натпреварот започнува во 16.00 часот, а билетите по цена од 50 денари ќе можат да се набават на денот на натпреварот пред влезот на стадионот.Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....