Да ја бодриме нашата репрезентација

Објавено на 12 Ноември, 2014 во Вести, Вести


Да ја бодриме македонската фудбалска репрезентација на еден од најважните квалификациски натпревари за пласман на ЕУРО 2016. Против Словачка, за Македонија.

Најголемиот дел од билетите за натпреварот (80. отсто од капацитетот на Националната арена) во продажба по цена од 100, 150, 200, 250 и 300 денари.

Влезниците се достапни во продажната мрежа на „Мк тикетс“ и во  продажните салони нa: „ОNE“ низ републикава, Skopje City Mall, Југотон, Универзална сала , Тобако МПМ-Скопје, Тобако-Драчево, Тобако-Охрид и Алпине-Тетово.

Во сабота во 20.45 часот дојдете на Националната арена „Филип Втори“ заеднички да навиваме и да ја поддржиме македонската репрезентација на исклучително важниот натпревар кој ќе биде можност да се оствари долгогодишниот сон на сите фудбалски фанови и на неколку генерации наши фудбалски репрезентативци. Македонската репрезентација се подмладува, добива  на физиономија,  компактност, дисциплина во игра и воспоставува пред се напаѓачка стратегија нешто што не можеше да се види досега, години наназад. Потребно е воигрување, но талент и потенцијал постои. На секој натпревар ќе играат оние кои се најдобри и најподготвени во моментот, и кои пред се ќе го остават срцето на терен. 




   
   
А репрезентација